Трајановски: Со изградбата на новата Универзална сала ќе се врати култното место за културни и музички манифестации

Градот Скопје изготви проект со кој целосно ќе се сруши Универзалната сала, ќе се направи нова Универзална сала, односно конгресен центар, истакна денес кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Коце Трајановски.

-Ќе се задржи постојниот облик на Универзалната сала, но ќе бидат изградени дополнителни простории каде ќе може да се соберат по 30, 40, 100 и 200 лица. Тоа се сали во кои ќе може да се одржуваат разни манифестации. Покрај тоа ќе има и подземно паркирање каде посетителите на салата ќе може да дојдат и да се паркираат. Со претходната влада беше донесен заклучок за финансирањето на Универзалната сала, со оглед на тоа што капиталните инвестиции се сеуште под Владата, а оваа Влада ги укина средствата кои беа предвидени за Универзалната сала, Градот ќе изнајде начин и можности како да ја почне и да ја изгради, вели Трајановски.

Тој истакна дека со изградбата на новата Универзална сала ќе се врати култното место во градот за одржување на културни и музички манифестации.

Инаку, старата Универзална сала која е во моментов е затворена поради лошата состојба во која се наоѓа е изградена во 1966 изградена. Истата, поради разни манифестации кои се одржувале ја посетиле над 7 милиони посетители.