Трајановски: Нов еколошки јавен превоз за почист воздух во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Коце Трајановски, денеска најави неколку мерки за обезбедување на еколошки јавен превоз.

„Првата мерка е набавка на 20 нови двојни (хармоника) електрични автобуси, кои се еколошки и не го загадуваат воздухот. Со втората мерка, за првпат, ќе ги вклучиме и приватните превозници во автобускиот сообраќај, каде ќе доделуваме до 10 илјади евра за купување на автобуси со ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандард, или поставување на уреди на гас во автобусите. Со третата мерка ги опфаќаме и авто-такси превозниците во Скопје, каде ќе доделуваме субвенции во износ до 3.000 евра за купување на електрични возила“, рече Трајановски.

Според него, со реализацијата на овие проекти Скопје ќе добие модерен и еколошки јавен превоз и сериозно ќе се намали загадувањето на воздухот.