Трајановски и Мисајловски во посета на голем број домови во Ѓорче Петров и разговор со жителите

Кандидатите за градоначалници на Град Скопје и на општина Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски и Владо Мисајловски, посетија голем број на домови и остварија разговори со жителите на Ѓорче Петров.

„ Заедно со кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Владо Мисајловски, посетивме голем број на домови и разговаравме со жителите на Ѓорче Петров. Секогаш работа, секогаш Скопје, секогаш Македонија“, напиша Трајановски на својот Фејсбук профил.