Трагедија: Воз прегази маж во Хиподром

Едно лице вчера било пронајдено починато на железничка пруга во населба Хиподром.

- На 27.03.2023 околу 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека  на железничката пруга во населба Хиподром, без знаци на живот било пронајдено машко лице, кое било удрено од воз. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а за случајот е известен Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција, информира МВР.

Увид извршиле екипи од СВР Скопје и од Железници на РСМ.