Во Единицата за информации и команда - Скопје, вчера во 16:55 часот, граѓанин пријавил дека во Сарај, во водите на реката Треска, во непосредна близина на угостителски објект забележал женско лице како се дави и бара помош.

Од страна на граѓани жената била извадено на брегот и според пријавата на граѓанинот, се уште давала знаци на живот. Но, кога пристигнала Итна медицинска помош, од страна на доктор констатирана е смрт.
Лицето е идентификувано и утврдено е дека се работи за 31-годишната М. Ц. од Приштина-Косово, која била на гости кај нејзината сестра во Скопје. Според пријавеното, несреќниот настан се случил додека двете сестри се шетале покрај Треска, М.Ц се лизнала и паднала во водата .