Трагедија: Во пожар во Шутка братче и сестриче изгореа во кревет

Во голем пожар попладнево изгореа братче и сестриче во скопската населба Шуто Оризари. Децата се на возраст од една и пол и три години. Пожарот избувнал токму во собата каде што биле децата. Засега не се знае од што бил предизвикан пожарот. Во собата првично не бил најден изворот на пожарот но се претпоставува дека можеби е од инсталацијата за струја, објави Досие.мк.

Од она што Досие го дознава од терен сликата била страотна. Дека собата гори било пријавени и била повикана пожарна. Додека пожарникарите интрвенирале дошле и родителите и блиските на децата. Од шокот и кога разбрале дека најмалите од семејтсвото изгореле паднале во шок и со возило на Итна медицинска помош се однесени во болница. Полицијата ја затворила целата улица за да се направи увид.

Семејството има уште две деца за кои се уште не јасно како се спасиле и дали биле во собата. Децата биле остваени сами дома додека родителите биле излезени да завршат секојдневни обрски.

Трагедијата да биде уште поголема ова семејство втор пат се соочува со пожар. Пред неколку години на истото место им изгрела куќата, но тогаш немало жртви.