Трагедија во пехчевско: Маж почина откако се повредил при сеча на дрва

58-годишник починал откако се повредил при сеча на дрва.

- На 17.07.2026 во 18:42 часот во СВР Штип од Итната медицинска помош-Пехчево е пријавено дека околу 18:10 часот добиле повик да интервенираат во близина на село Панчарево, каде Ј.Ѓ. (58) се здобил со повреди при сеча на дрва, каде бил заедно со својот син. На пат кон здравствената установа Ј.Ѓ. починал, информираа од МВР. 

По наредба на јавен обвинител од ОЈО Делчево, телото на починатиот е дадено на обдукција.