Tрагедија во Охрид: 57-годишен охриѓанец загина откако му се превртело кану во Охридското Езеро

Вчера, 10 октомври, околу 18:30 часот во ПС ГН Охридско Езеро било пријавено дека во близина на месноста „Извиднички“, на околу 200 метри од брегот, се превртело кану управувано од 57-годишниот А.Н. од Охрид.

На местото биле упатени полициски службеници и екипа на Итната медицинска помош, чиј лекар констатирал смрт кај лицето.

Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.