Трагедија: Во „Јане Сандански“ донесено починато новороденче старо 27 дена

Во понеделникот околу 8 часот наутро од Поликлиника „Јане Сандански“ било пријавено дека кај нив било донесено починато новороденче старо 27 дена.

 

Според пријавеното, новороденчето било пронајдено од неговиот татко Х.Н. (26) без знаци на живот.

 

Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото на новороденчето било дадено на обдукција.