Три починати жени во три одвоени случаи регистира во текот на вчерашниот ден полицискиот билтен. Два од случаите се во населбата Аеродром, додека едниот е во скопско Средно Коњари.
Првиот случај во полицијата бил пријавен во 13.06 часот од Итната медицинска помош каде било посочено дека дека во службени простории на здружение, на подрачјето на општина Аеродром, на Ѓ.А.(76) од Велес и се слошило и починала. Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Вториот случај во полиција бил пријавен во 21 часот каде стигнало пријава дека во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината М.А.(61)., а лекар констатирал смрт.
Третиот случај бил пријавен во 21.20 часот во СВР Скопје каде било пријавено дека во куќа во с.Средно Коњари, скопско, каде престојувала, била пронајдена почината В.Ц.(37) од Скопје. Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Телата на трите жени се предадени на обдукција, а екипи на полицијата извршиле увид.