Трагедија: Скопјанка починала откако паднала во врела зимница

Скопјанка на возраст од околу 50 години починала, откако според неофицијалните информации во алкохолизирана состојба паднала во тенџере со врела зимница. 

Според информациите кои ги дозна редакцијата на Скопје Инфо, таа пред неколку дена, со сериозни изгореници по целото тело била хоспитализирана во скопската градска болница „Св. Наум Охридски“.

За жал, по неколку дена, подлегнала на повредите.