Трагедија: Скопјанец почина при извршување на работни задачи во производствена хала - го повредила машина

Во производствена хала во фирма кај Новоселски пат, 53-годишен скопјанец при извршување на работни задачи, се здобил со повреди, по што починал на местото на настанот.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (12.12.2025) во 08:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во производствена хала во фирма кај Новоселски пат С.А.(53) од Скопје при извршување на работни задачи се здобил со повреди од машина и починал на местото на настанот.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт.

Извршен бил и увид.