Пејачот Влатко Илиевски утрово пронајден мртов

Популарниот македонски пејал Влатко Илиевски утрово бил пронајден мртов во автомобил во Скопје, дознава Press24.

Според информациите Илиевски бил најден во мотроно возило марка Тојота на Булеварот Трета Македонска бригада.

Од полицијата ја потврдија оваа информација. Велат дека на местото е извршен увид од страна на Јавен обвинител и телото е предадено на обдукција.

Нема информации кои се причините за смртта.

Влатко Илиевски беше еден од најпознатите рокери во Македонија.