
62-годишен кавадарчанец починал додека сечел дрва на планината Кожуф, откако едно од дрвјата паднало врз него.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 10:47 часот во СВР Струмица, од Шумско стопанство Гевгелија било пријавено дека на планината Кожуф, додека вработениот Д.Т.(62) од Кавадарци сечел дрва, едно од дрвата паднало врз него, по што од здобиените повреди починал.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.