На 21.09.2019 во 16:30 часот на автопат Скопје-Велес, кај с.Катланово, патничко возило „Aуди 5“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ф.Г.(44) од Богданци, излетало од патот.
Во незгодата Ф.Г. се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото.
Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.