Трагедија ја потресе Македонија: Две момчиња на 15 годишна возраст загинаа во страшна сообраќајна несреќа

Вчера вечерта на патот Петралинци-Балдовци се случила тешка сообраќајна несреќа помеѓу скутер и автомобил, пишува Струмицаденес.

На скутерот биле две млади момчиња С.К и А.М од село Дрвош (двајцата имале по 15 години) кои го загубија својот живот.

На местото на несреќата излегла екипа од СВР- Струмица кои детално ја истражиле несреќата.

Повеќе детали и информации порталот најави за денес.