Утре (19.01.2019 ) сабота, по повод чествувањето на христијанскиот празник „Богојавление-Водици“, во 12.00 часот, во водите на реката Вардар од „Железниот мост“ во населбата Долно Нерези, традиционално ќе се фрла крстот.
На оваа верска манифестација ќе присуствува градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев. Како и секоја година, голем број на верници од Карпош и од соседната општина Ѓорче Петров, ќе бидат присутни на овој верски настан.