Традиционална манифестација „Го градам мојот град“

Детскиот културен центар „Карпош“ и оваа година традиционално, во чест на градот Скопје, ја организира манифестацијата „Го градам мојот град“ која ќе се одржи в среда од 10 до 11 часот.

Оваа манифестација е посветена на најмалите од предучилишните установи и има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата колку големо значење има празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје за градот.

Како и секоја година, секоја градинка ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користите:коцки, цртежи, природни материјали, како лисја, дрвца и друго.

За градинките учесници на оваа манифестација предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.