Поминаа многу години позади нас, оваа е 16-та година.Од 2003-та, кога беше одржан за првпат, овој настан расте и со својата големина и со својата важност, собирајќи секоја година неколку илјади посетители, вклучувајќи голем број музичари и диџеи кои преку нивната уметност ја пренесуваат универзалната порака на мирот.

Доближувајќи ја РЕГЕ МУЗИКАТА и пораката на БОБ МАРЛИ- ONE LOVE, ONE HEART, A WORLD WITHOUT BORDERS до сите луѓе, овој настан е нешто што се памети засекогаш... Сите ние како поединци треба да придонесеме за овој настан, да продолжи да се развива и да прерасне во уште поголем на сечие задоволство.

- Сите млади и талентирани бендови кои што свират реге слободно да се пријават за учество на тел. бр, 075 72 86 82 - Charley - или на ФБ.

- ЕДНА ПОСЕБНА МОЛБА ДО СИТЕ ШТО ЌЕ ДОЈДАТ ДА ВНИМАВААТ СО ЃУБРЕТО БАРЕМ СВОЕТО ДА СИ ГО ПРИБЕРАТ ПА МАЛЦЕ И ОКОЛУ НИВ :)))

Настанот почнува на 11 Мај (Петок) во 12ч. во Градски парк , а завршува 12 Мај 01ч после полноќ.