Традицијата продолжува! Богојавление во Ѓорче ќе се слави на две локации

Во недела, на 19 јануари, Водици ќе се слави и во скопско Ѓорче. 

- Го славиме денот кога водите се осветуваат, ден на надеж, благослов и сплотеност. Општина Ѓорче Петров со гордост и годинава е покровител на овој голем христијански празник – Богојавление – Водици, најави првиот човек на општината Александар Стојкоски. 

Свечени церемонии ќе има на две локации, и тоа кај реката Лепенец и кај мостот во Хром.

Редоследот е следниов: 

- 10:15 – Свечена поворка од црквата Св. Петка во Волково до реката Лепенец.

- 11:00 – Положување на Чесниот крст во река Лепенец (кај последната 22-автобуска станица).

- 11:30 – Свечена поворка од црквата Св. Петар и Павле до мостот во Хром.

- 12:00 – Положување на Чесниот крст во река Вардар.

- Овој ден не е само обична традиција, туку и силна порака за верата, љубовта и заедништвото. Денот кога Св. Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во реката Јордан нека биде инспирација за сите нас – да се сплотиме, да се радуваме и да го споделиме празничниот дух со семејствата и пријателите. Ве повикувам заедно и масовно да го одбележиме овој свет ден! - повика Стојкоски.