„Tрадиција“: Земање невеста од дома, која веќе подолго време воопшто не живee дома

Во минатото обично девојките се мажеле со помош на наводаџии. Многу важна улога на самата свадба играле кумот и деверот. Деверот ги “плаќал” чевлите на невестата во нејзиниот дом кога ја земале за венчавање.

Таа пред него ги пробувала и велела дека не и се точни, а деверот ги земал, ги вртел трипати во рака, божем не и влегуваат и откако ќе ги “плател”, односно ќе ги наполнел со пари, таа ги облекува. Кумот бил многу ценет од младоженците и го сметале за нивен духовен татко. На самата венчавка кумот им ставал  на младоженците платно преку рацете кои им се вкрстени, со симболика вечно да останат “врзани” заедно. Тие пак кумот и кумата ги дарувале со бовчалоци.

По вртењето околу олтарот над младоженците се фрлале бонбони и леблебии, со симболика да имаат плоден брак. Свадбата продолжува со веселба која најчесто била дома кај младоженецот.Во понеделникот, по свадбата, жените оделе на блага ракија ритуал проследен со шеги на сметка на првата брачна ноќ -  на свекрвата и се горат гаќите и невестата ги послужува гостите со чашка црвена ракија. Симболиката на овој чин е чесноста на невестата.

Од прилика вака и денес се прават свадбите кај нас. Еден од обичаиите кои често пати се практикува е земање невеста од дома, која веќе подолго време живее со идниот споруг во сопствен стан. Која е логиката на оваа „традиција“?

-Јас живема веќе три години со моето момче. За еден месец ќе правиме свадба при крај нсме со подготовките. Дел од обичаите ќе ги направиме по желба и иницијатива на нашите родители. Ќе има одење по невеста. Мојот план е една недела пред свадбата да заминам дома, за да им помогнам на родитетлите како и самиот чин да биде одбележан како треба, вели Дајана од Скопје.

-Ние правевме свадба пред една година, а веќе заедно живееме 5 години. Никого не слушавме сами се подготвивме од дома и ги договоривме кумот, старосватот и родителите да се чекаме пред матично. Сметам дека е многу глупаво кога веќе заедно живеете секој дома да се враќа па да се тераат адетите, вели Јасмина.