Товарно возило удри во работник

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во каменолом на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак, во близина на с.Јаболце, општина Сопиште, товарно возило „ивеко карго“, со скопски регистарски ознаки, кое претходно било паркирано, се придвижило и удрило во возачот З.С.(50) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил З.С., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид бил извршен од екипа на СВР Скопје.