Вчера во 11.35 часот во СВР Скопје било пријавено за сообраќајна несреќа која се случила на крстосницата од ул.„Благоја Стевковски“ и ул.„Модест Мусоргски“ во Скопје.
„Имено, товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.И.(42)од Скопје, удрило во З.Д.(85) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, се вели во билтенот на МВР.