Товарно возило удри пешак во Скопје

Во сообраќајна незгода која вчера се случила во скопската населба Радишани повреден е пешак Н.К. (83) од Скопје, информираше денес МВР.

Вчера во 07.50 часот на крстосницата од улицата „Скоевска“ и улицата „Радишанска“ во Скопје, товарно возило „Фолксваген Ап“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.С.Б.(45) од Скопје, удрило во пешакот Н.К.(83) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. и со истото возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.