Товарно возило прегази дете во Битола

Товарно возило прегази дете во Битола кое завршило со тешки повреди.  

- На 01.06.2023 во 18.45 часот во СВР Битола било пријавено дека на паркинг на ул.„Смилевски Конгрес“ во Битола, товарно возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Ц.(28) од Битола, удрило во малолетен пешак од Битола. Во несреќата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани од Клиничката болница Битола, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидната екипа од СВР Битола.