Товарно моторно возило со скопски регистарски таблички излетало надвор од коловозот на автопатот Миладиновци - Штип

На 25.03.2023 во 06.00 часот било пријавено дека на автопатот Миладиновци- Штип товарно моторно возило “форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(31) од с.Елово-општина Студеничани, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Џ.Џ.(38) од с.Црн врв, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатниците Н.Ш.(36) од с.Елово и И.С., констатирани во Клиничкиот центар Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.