Тотално уништен: Вака изгледа денес некогашниот Поштенски дом на Водно (фото)

Ретко кога човек останува без збор или без наслов за она што го пишува. Еден таков момент е токму сегашниов, напиша професорот Љубомир Цуцуловски на „Фејсбук“ споделувајќи ги фотографиите што ги направил на Водно. На нив се гледа некогашниот Поштенски дом на Водно, кој е во очајна состојба и комплетно уништен.

„Не знам што да речам, ниту како точно да го насловам постот. Можеби збунетоста ќе тане поразбирлива, кога ќе ги видете фотографиите што ги приложувам. Ги направив денес, на Водно. Значи, не наводно, туку токму на Водно. На нив се гледа некогашниот објект, познат како Поштенски дом на Водно, на надморска висина од околу 700 метри. Мислам дека е граден во ’70-тите години од минатиот век. Беше комбинација на хотел и ресторан, со летна тераса. Беше во сопственост на ПТТ. Но, беше… Што е денес, не знам. Но, барем нешто може да се види и заклучи од фотографиите. П.С. До скоро не беше во ваква состојба, која (најверојатно) е резултат на еден чин, извршен (најверојатно) во една ноќ“, пишува професорот.