Тоше за Македонија: Се фалат држави со 100 години постоење, а Македонија постои од пред Исуса Христа, фала му на Господ

За сите што го обожаваат Тоше Проевски, како и за сите Македонци, него одамна го нема меѓу живите да потсети како се сака Македонија, но на тоа не потсетуваат видео и аудио записите кои останаа од оваа македонска ѕвезда.

– Некои држави, што имаат по 100 години историја, слават 100 години со големи огномети и не знам што… А ние постоиме од пред Исуса Христа, фала му на Господ. Јас ќе бидам секогаш Македонец и посебна гордост и чест ми е да кажам дека сум Македонец, кажува Тоше во видео записот.