„ТОШЕ ТЕ САКАМЕ“ - музички настан во чест и сеќавање на Тоше Проески следната недела во Ново Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески сподели дека во чест на легендата на македонската музика - Тоше Проески, на иницијатива на жителите, Општина Аеродром во соработка со општинските градинки и училишта, Lions in Move, Bombakis, Boemot и RVR Brend, ќе се организира настан со почит и сеќавање под слоганот „Тоше те сакаме“.

Настанот ќе се одржи на 16.10.2025 на Детска улица „Тоше Проески“ во Аеродром со почеток од 12:00 часот.

Како што посочи Митески, целта на настанот е да се испрати порака дека Тоше сè уште живее во нашите срца, а неговата музика и хуманост се безвременски.

„Со песна, љубов и сеќавање, ќе му оддадеме чест на човекот кој остави траен белег во македонската музика и во нашите животи“, нагласи тој.

На настанот ќе настапат децата од градинките, учениците од основните училишта како и музичките ѕвезди: Огнен Здравковски, Мартинијан Кириловски, Наде Талевска, Марија Спасовска, Драган Темелков, Лили Акустик, Ивона Јо, Тамара Волческа и Владимир Поповски кои ќе ги изведат безвременските хитови на Тоше Проески.

„Ве покануваме сите, млади и возрасни, да се приклучите, да пееме заедно и да го прославиме ликот и делото на Тоше, повика Митески.