Тоше: Не сонував дека ќе бидам тоа што сум, иако ми одговара - сонував дека ќе бидам доктор или војник

Тони Цетински, Ања Рупел, Џана Нанини, Есма, Каролина, Гоца Тржан, Антонија Шола... се само дел од музичките имиња кои ја имаа честа да снимаат со него, а беше вистински престиж. Но само еден имаше среќа да отпее негова песна - Мартин Вучиќ.

Наградите, дуетите, албумите, хитовите... се повеќе од доволен доказ за неговата музичка величина, а тоа што знаеше да музицира и на неколку инструменти се уште една потврда за неговиот неверојатен музички талент...

-Не сонував дека ќе бидам тоа што сум, иако ми одговара. Сонував дека ќе бидам доктор или војник. Ништо од тоа не ми се оствари, но, за среќа, љубовта најдов можност да ја изразам на најубав можен начин - преку музиката. Сепак, не би се менувал за ништо", рече Тоше во едно од своите Вечерови интервјуа.

За себе знаеше да каже и дека е голем вљубеник во спортот. Одбојка, боречки вештини, нуркање... само дел од активностите кои го докажуваа тоа.

Како и секој млад човек така и кај мене апсолутно е можно да се собере едно количество на негативна енергија. Не сум светец и човек кој е полн единствено со љубов, па боксерската вреќа ми единствениот начин да ја извадам негативната енергија", ќе речеше за себе Тоше. А дел од колегите, соработниците, пријателите... велат - годините без Тоше минуваат, но не и болката. Сеќавањата за него и по единаесет години се свежи.