Тортиљи со печурки

Ако сте во потрага по брз и топол оброк, овие тортиљи се совршени за вашата трпеза.

Потребни состојки:

- половина лажичка маслиново масло

- едно чешне бел лук

- половина килограм печурки по избор

- зачини: сол, црвена пиперка, куркума, бибер, чили (по желба)

- 2 тортиљи

- зеленчук: домат, зелка, пиперка

 Начин на припрема:

1. Исчистете ги и исечете ги печурките на тенки парчиња.

2. На тава, загрејте го маслото и додадете го лукот. Кога ќе поприми жолтеникава боја, додадете ги печурките и посолете, а потоа додадете ги и останатите зачини.

3. Пржете ги печурките на оган околу десетина мнинути додека не пуштат вода, а за да го забрзате процесот, препорачливо е да ја поклопите тавата.

4. Додека печурките се крчкаат, исечкајте го зеленчукот на ситни парчиња, а потоа додадете го во тавата, добро промешајте и гответе уште 2-3 минути.

5. Извадете ги тортиљите и на нив наредете ја готовата смеса, а потоа замотајте.

cheap nike free run 5.0