Топол и вкусен пијалок за студени денови

Во овие студени денови, препорачуваме да си подготвите вкусен и креативен пијалок, во кој може да уживате заедно со вашите најблиски. Има и мала количина на алкохол, па сигурно ќе ве стопли.

Потребно ви е:

-50 ml виски
-3 лажички мед
-1 стапче цимет, исечено на половина
-1 лимон, половина исцеден во сок и половина исечен
-2 каранфилчиња

Подготовка:

Измешајте ги вискито и медот и поделете ги во 2 чаши отпорни на топлина. Додадете половина од стапчето цимет во секоја, а потоа дополнете со 200 милилитри врела вода. Додадете го сокот од лимон во секоја, а потоа вкусете и додајте повеќе доколку сакате, по ваш избор. Завршете го пијалокот со парче лимон во секоја од чашите, премачкано со каранфилче и послужете веднаш.