Топлото време ќе донесе наезда од комарци, крлежи и змии

Топлото време кој се очекува деновиве во Македонија ќе донесе наезда од комарци, крлежи и змии. 

Опасните заразни заболувања можат да дојдат преку меѓународниот транспорт и поголемата раздвиженост на патници во летниот период. 

Покрај комарците овој период опасни се и крлежите кои можат да пренесат лајмска болест. Горештините ќе ги раздвижат и змиите кои можат да бидат и фатални за луѓето ако навреме не биде побарана лекарска помош.

Потребно е кога се движат граѓаните низ шуми или ливади да носат соодветна облека со покривање на нозете и рацете.