Топлото време е ризик за појава на труења со храна, предупредуваат инфектолозите

По краткото разладување, од утре метеоролозите најавуваат повторно високи температури. Токму топлото време според инфектолозите е ризик за појава на труења со храна. Само овој месец на Инфективната клиника регистрирале 15-тина случаи. Се работи за поединечни или помали фамилијарни труења, а пациентите се излекувани и пуштени дома.

-И во овие случаи се работеше за работеше за таа бактерија салмонела од групата Д, труењата најчесто се предизвикани со конумација на месо, јајца, разни висови салати со крем, колачи, како и консумација на храна по реасторани и сендвичари и слично, изјави д-р Иван Видиниќ, Клиника за инфективни болести.

За да се избегнат труења наредниот период доктор Видиниќ советува да се јаде свежо подготвена храна.

-Да се избегнуваат места каде се подготвува храна за масовна употреба, треба да се избегнуваат ресторани, сендвичари, храната да биде свежо подготвена и да се консумира во рок од 1 до 2 часа, а секоја храна која стои подолго на собна температура да се фрли, додаде д-р Видиниќ.

Инаку симптомите на труење како што се мачнина, повраќање, дијареа, можат да се јават само неколку часа по конумирањето на небезбедна храна, која предизвикува и дехидрирање на организмот и неопходна е лекарска помош.