Топло со температури до 40 степени, УВ индексот 9

Сончево и многу топло време најавуваат за денеска синоптичарите. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. УВ индексот ќе биде висок – 9.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 24 степени, а дневната од 30 до 40 степени.

Во Скопје слично време со утринска температура до 18 и дневна температура до 38 степени.

Многу топло ќе биде до петок до кога максималните температури насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава до 40 степени. Во сабота ќе има зголемена облачност и ќе има услови за локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, а од недела ќе настапи повторно стабилизирање на времето.

Поради топлото време од Црвениот крст на Град Скопје најавија дека мобилни тимови ќе делат вода низ централното градско подрачје и поголемите автобуски постројки. Мобилните тимови ќе бидат на терен во периодот од 10 до 16 часот. Се планира дистрибуција на 800 шишиња или 400 литри вода на дневна основа.