Топло какао со нане за студените денови кои ни следат

Несекојдневен пијалок, за студените есенски денови. 

Може да го користите и како замена за кафето, за да ја смените рутината и да пробате нов вкус. 

Потребни состојки:

-1/3 чаша какао во прав

-1 литар млеко

-1/2 чаша чоколадни трошки

-7 бонбони од пеперминт (нане), издробени

-Прстофат сол

Подготовка:

Чекор 1

Во средно тенџере ставете го какаото. Постепено изматете го млекото додека не се раствори какаото. Додадете ги чоколадните трошки и нането, па варете на средна топлина, повремено мешајќи додека не се стопат чоколадото и нането, отприлика 8 до 10 минути.

Чекор 2

Оставете да зоврие и веднаш тргнете го од оган. Додадете го солот. Ставете во чаши и послужете со лист свежо нане, или пак слатко стапче од нане.