Топло какао – најубавиот зимски ритуал 

Какаото е вкусно и лековито. Се користи во природната медицина и кулинарството. 

 

 

Инките и Маите го сметале за божји подарок, па тоа имало голема улога во нивните обреди. Старите жители на Јужна Америка имале посебно божество во кое на какаото му била доделена улогата да ги штити од лошите сили. Денес, какаото е дел од многу култури и кујни.

Какаото содржи многу хранливи состојки, но и голем број на витамини и минерали, па затоа е многу корисно за нашето здравје.

Голема количина магнезиум

Поради тоа, какаото е особено погодно пред спиење кога мускулите се опуштаат, но и за заболувањата кои настануваат поради недостаток на магнезиум. Веројатно знаете дека недостатокот на магнезиум предизвикува и стрес, нервоза и грчеви во мускулите па така овој минерал е многу важен за нашето здравје. Многу нутриционисти го препорачуваат какаото наместо земањето суплементи што често е првиот избор за многумина од нас.

Голем број антиоксиданти

Тие го штитат нашиот организам од влијанието на слободните радикали и го јакнат имунитетот. Најважните антиоксиданти кои се наоѓаат во какаото се полифеноли, катехини, епикатехини. Покрај антиоксидантите, тоа содржи и голема количина на железо, витамин А, Б, Ц, Е, и минералите хром, манган и цинк.

Заштита на крвните садови

Какаото е богато и со омега 3 и 6 масни киселини кои го штитат срцето и крвните садови. Освен тоа, го штити срцето, го намалува холестеролот и триглицеридите во крвта. 

Добро расположение

Какаото помага во лачење на хормоните на среќата (серотонинот и допаминот), па не е ни чудо што чоколадото позитивно влијае на нашето расположение.

Против анемија

Какаото треба да е главна состојка доколку се соочувате со анемија, поради тоа што е богато со железо. Во комбинација со медот, тоа ја поправа крвната слика, ја лечи анемијата, но и стомачните тегоби.

Сепак, треба да имаме предвид дека голем дел од какаото кое се продава на пазарот е толку комерцијализирано што само во мала мера ги содржи овие состојки. Затоа, најдобро е да се користи какао прав во проверен состав и квалитет, а тоа најчесто може да се најде во продавниците за здрава храна.

100 гр. квалитетно какао ги задоволува дневните потреби за следните минерали и олигоелементи:

13 % од дневните потреби со калциум

20 % од дневните потреби со селен

двојно повеќе манган од тоа што ни е потребно

45% од дневните потреби на цинк

73% од дневните потреби за фосфор

1 % натриум

80% од дневните потреби за железо

19% јагленохидрати

150% од дневните потреби за диететски влакна

40% дневни потреби за протеини

20% од дневните потреби за здрави масти