Топло добредојде за македонскиот тим на Детската Евровизија во Ерменија

Претставниците на Македонија, пристигнаа на отворањето на Детската Евровизија во Ерменија. 

Симон Трпчески со својот тим и неговата ќерка Лара пристигнаа во Ереван, главниот град на Ерменија, каде што се одржува годинешното издание на Детската Евровизија. Трпчески на својот Фејсбук профил, објави видео од топлото добредојде за македонската делегација.

-Не верував дека ќе се вратам во пријателската земја Ерменија само за 9 месеци, по мојот концерт со Ерменската филхармонија во Ереван во февруари 2022 година! Доживување на чиста енергија, со толку многу деца на церемонијата на отворањето на Детската Евровизија 2022 година! Нешто што сите го живеевме во детството, но преку телевизија. А сега, преку поддржување на тимот на Македонија овде во Ереван. Чистата детска енергија нека го завладее светот! - напиша Трпчески и објави видео од атмосферата.