Топли оброци, редовни плати и редовни одмори: Како се живееше во времето на Тито

Историјата говори дека работниците никогаш не биле ставени на толку висок пиедестал како во времето на Тито. Тогаш никој не прашувал за националност, материјален статус и сл. туку луѓето биле ценети според своите карактерни особини и способности. Ова стои во статијата објавена на порталот novi.ba.

Способните луѓе лесно доаѓале до подобра позиција, по докажувањето дека се способни да завршат една работа, но и да и бидат лојални на организацијата.

Вработените добивале бонови за топол оброк, па се хранеле во мензите и рестораните на работа. Работното време било од 7 до 15, а викендите биле неработни.  Имале многу денови за годишен одмор, а тој често бил во одморалиштата и во организација на синдикатите. Можело да се плаќа на рати, па таквите одмори биле нормална работа. Без поголеми проблеми, можеле да се користат неплатени отсуства, боледувања, а систематските прегледи биле задолжителни и спроведувани во сите претпријатија. Често кога би се случил смртен случај, работник имал право на бесплатен погреб. Ако смртта се случила во текот на работниот век, била пружана финансиска помош, а и се вработувал еден од семејството на починатиот.

Дали навистина било многу подобро за време на Тито? Новите генерации никогаш нема да го знаат тоа.