Есента е време за вкусни супи!
Доколку сте љубител на топла зеленчукова супа, предлагаме да го испробате овој рецепт.
Потребно ви е:
-ориз (било кој вид)
-Коцка супа од зеленчук
-Есенски зеленчук: 1 сладок компир, 1 морков, 1 целер, 1 кромид, печурки (неколку) и лук (едно чешне).
-Хопла
- Бејби спанаќ
-Сол и бибер.
Подготовка:
Подгответе ја основата на супата. Зеленчукот исецкајте го (слаткиот компир, морков, целерот, кромидот, печурките и лукот) и заедно со оризот ставете го да се динста во малку вода со малку масло и зачините, додека оризот целосно не омекне. Потоа ја додавате хоплата и бејби спанаќот. Пробајте за вкус и додадете уште сол и бибер доколку е потребно.
Послужете ја топла, со малку потпечен леб и зелена салата како гарнир. Добар апетит!