Топла зеленчукова супа за врнежливи викенди

Есента е време за вкусни супи!

Доколку сте љубител на топла зеленчукова супа, предлагаме да го испробате овој рецепт. 

Потребно ви е:

-ориз (било кој вид)

-Коцка супа од зеленчук

-Есенски зеленчук: 1 сладок компир, 1 морков, 1 целер, 1 кромид, печурки (неколку) и лук (едно чешне).

-Хопла

- Бејби спанаќ

-Сол и бибер.

Подготовка: 

Подгответе ја основата на супата. Зеленчукот исецкајте го (слаткиот компир, морков, целерот, кромидот, печурките и лукот) и заедно со оризот ставете го да се динста во малку вода со малку масло и зачините, додека оризот целосно не омекне. Потоа ја додавате хоплата и бејби спанаќот. Пробајте за вкус и додадете уште сол и бибер доколку е потребно. 

Послужете ја топла, со малку потпечен леб и зелена салата како гарнир. Добар апетит!