Топла вода со лимон и куркума: совршен начин за дневна детоксикација

Еден од најдобрите начини да се започне денот е со здрава навика која гарантира добро здравје, но и расположение.

Притоа, еден од најдобрите начини за тоа е топла вода со лимон и куркума, која е одличен начин за детоксикација на нашиот организам. Некои луѓе конзумираат само топла вода со лимон, но додавањето на куркума во овој утрински пијалок нуди многу бенефити за нашето здравје.

Куркумата е жолт зачин кој потекнува од Јужна Азија и припаѓа на фамилијата на ѓумбирот. Уште одамна, таа се користи во ајувердската медицина, но денес е значаен дел од и од западната алтернативна медицина. Тоа е така бидејќи многу истражувања покажуваат дека куркумата е одлична за спречување на воспаленијата во нашето тело, брзо опоравување од вируси, заштита од одредени видови рак, како и дијабетес тип 2.

Куркумата е и одличен антиоксидант кој ја чува и освежува нашата кожа и помага во чистење на црниот дроб од токсините кои се насобираат од различни причини. 

Едно истражување направено на стаорци покажало дека таа го спречува и развојот на невролошките заболувања. Други истражувања дополнуваат дека е одлична и за спречување на симптомите од депресија и други ментални состојби. 

Ова се неколку од причините зошто е важно да пиете топла вода со лимон, но и куркума наутро. Едноставно стоплете ја водата, исцедете неколку капки лимон и додадете половина лажичка куркума. Оставете да отстои неколку минути и потоа можете да ја конзумирате и тоа секое утро. Доколку вкусот ви е интензивен можете да додадете и мед или пак друг природен засладувач.