Тони Цетински се сеќава на Тоше: Тој беше ангел на добрината

Тони Цетински беше еден од големиот број соработници на Тоше Проески, а неодамна изјави дека нивното пријателство за него било привилегија и чест. 

Тони и Тоше имаа и заедничка песна, а често си гостуваа на своите концерти и настапи. Цетински често вели дека иако постар од нашата ѕвезда, успеал од него да научи многу за животот и да го врати во вистинскиот правец.

По повод 14-годишнината од смртта на Тоше, Цетински ги објави своите спомени и емотивното писмо на Фејсбук. 

„Искрено верувам дека од тој заминал во подобар свет, но благодарение на неговите дела и првенствено човечките доблести и скромност, останува засекогаш доказ и еден од оние кои ја враќаат вербата во човештвото и Бога. Сигурен сум дека тој нè чува на некој начин и нè чува за овој земски живот, затоа што тој беше и остана ангел на добрината“, се вели во дел од објавата.