Ивица Томовски директорот на службата за општи и заеднички работи во гостувањето на Дејли Клик на ТВ21 вели дека цените на рестораните во Владата и Собранието се пораснати за 50 %. Тој притоа посочи дека била затекната хаотична ситуација.
„Рестораните во Владата и во Собранието произведуваат добра храна, донесовме одлука да ги покачиме за 50%, и има простор за повеќе, но сакаме да поставиме прво еден ред и позитивна пракса. Пратениците нема да останат гладни“, изјави Томовски, кој дополни дека никој од пратениците ниту од министрите не се противел на оваа одлука на покачување на цените.