Томевски: Поради острата миризба станарите мораше веднаш да се евакуираат на безбедно

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани, кои почувствувале остар мирис на влезот, по што беше испратена екипа. Поради остриот мирис започната е евакуација на луѓето, со помош на гас-маски, изјави командантот на Противпожарната единица на град Скопје, Ѕвонко Томевски.

Според него, самата миризба го иритира грлото и пречи на дишењето, па било неопходно да се евакуираат станарите на безбедно.

,Чекаме да дојде инспектор од животна средина и од Институтот за јавно здравје, за да се утварди дали е безбедно враќање во зградата. Не се забележани остатоци од течност или што било. Не е забележано ништо оставено во влезот.Нема повредени, а екипа на Брза помош беше повикана ради превентива”, додава Томевски.