Толку многу жени, а ниту една не е како неа...

Толку многу жени,
а ниту една не е како неа!
Не сметав на нејзината гордост.
Ме изненади нејзината самосвесност,
нејзиното надмоќно студенило,
нејзиното целосно владеење со себе.
Премногу е силна и
исклучителна, како и јас.
Само не живее
за да го покажува тоа,
тивка е и упорна,
уверена дека сѐ ќе биде онака
како што таа сака.
Нејзиниот отпор не е бунт,
туку трпеливо
заземање на положба,
не за момент,
туку за подолг период.

-  Милан Крајнц