Толку многу љубов се крие во срцето на овој хороскопски знак

Да, тие однапред знаат како да решат некој проблем, но нема да започнат без 100 пати да го изанализираат тоа со своите пријатели.

Секако, зборуваме за БИКОВИТЕ!

Луѓето мислат дека сте вистински песимист, но вие сте вистински реалист. Можеби не ја гледате чашата полуполна, но тоа е затоа што сте свесни дека ви снемува вода и дека наскоро ќе ви биде потребно повеќе вода. Не сфаќате зошто некои луѓе мораат да бидат перфекционисти, бидејќи вам ви е добро иако не сте совршени. Вистински пример кој опишува колку сте практични е тоа што иако знаете дека забавата на којашто сте викнати ќе биде ужасно здодевна, вие нема само да отидете туку и ќе го извлечете максимумот од ситуацијата. Но, дури и кога сте дома, знаете како да уживате.

Луѓето никогаш нема да сфатат како можете да бидете толку независни. На Биковите не им е потребен никој, одлично функционираат и се забавуваат. За нив не е страшно и да останат сами на пуст остров, затоа што и таму би се снашле и би се забавувале. 

На прв поглед, луѓето можат да заклучат дека сте ладни, меѓутоа позади вашата надворешност се крие едно прекрасно, топло и нежно суштество. Од сите хороскопски знаци, Бикот можеби делува најладно, како ништо на светов да не може да ги допре, но нивните пријатели знаат колку љубов, чувства и топлина се кријат во срцето на еден Бик! Пријателите можат во секој момент им се обратат, затоа што тие ќе дадат се’ од себе за да им помогнат и знаат дека ако ви кажат тајна, таа ќе остане со вас до крајот на животот.

Вие немате време за патетики и доколку патетиката ги вмеша прстите, ќе се насочите кон тоа да најдете личност која целосно ви одговара. Кога ќе осмислите некој план, нема да се ослободите додека не го остварите. Звучи како тврдоглавост, што е една од главните карактеристики на Биковите, но благодарејќи на истата таа тврдоглавост, упорност и истрајност – нема цел која не можете да ја остварите.