Токсиколози: Амонијакот е отровен, но во поголема количина влијае на здравјето на станарите

Брзата помош  интервенирала само кај еден станар од евакуираната зграда во Скопјанка. Поради гушење му била укажана лекарска помош на лице место.

Додека амбулантното возило било на булеварот речиси 5 часа повеќе жители од зградата побарале медицински совети, изјавија од службата 194. Од токсикологија велат дека ниту еден од станарите не завршил на клиниката. Доктор Беќаровски смета дека најверојатно се работи за помали количини на амонијак од употребените пелени кој само предизвикал иритација, но не и труење од опасниот гас.

- Премногу мали количини кои можат да делуваат ититативно и на очите и на слузницата, теоретски и на белите дробиви, но се далеку од концентрации кои можат да предизвикаат сериозни проблеми по здравјето, кај жителите со астма ХОББ и воспаление на белите дробови може да е подраматична сликата, за Сител, изјави д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија.

За семејството кое живеело во станот со пренатрупаните користени пелени од починатата старица токсиколозите велат дека најверојатно се навикнале на лошиот мирис и затоа не барале помош.

- Најверојатната причина поради која самата фамилија не побарала пшомошѓ е што пелените постепено се трупале и постепено било ослободувањето на амонијак. Така да они постепено се прилагодиле на концентрацијата кои кај останатите би предизвикале надразнувачко дејство. Инаку опасни концентрации се 25 процентни раствори. Така што тоа се концентрации коишто нема шанси во пелените да се постигнат, додаде д-р Беќаровски.

Инаку амонијакот е отровен гас и доколку се вдижува во  многу големи количини, според лекарите може да предизвика сериозни оштетувања на белите дробови и други компликации по здравјето.