„Тој што се коцка, пак ќе се коцка“, затварањето на обложувалниците нема да го реши проблемот

Измените во Закон за игри на среќа предвидуваат казината и обложувалниците да се наоѓаат минимум 300 метри подалеку од училиштата, а оние кои веќе се наоѓаат на помала оддалеченост ќе мора да се затворат.

Исто така со законот се предвидува ниту еден автомат, клуб или спортска обложувалница да не се наоѓа во непосредна близина на основни и средни училишта. Во образложението на новото законско решение е наведено дека во постојниот закон не постои никакво ограничување каде и колку може да се отворат обложувалници и казина.

Од Асоцијацијата на спортски обложувалници, реагираат дека предлозите се престроги и сериозно ќе наштетат на нивниот бизнис. Според нив предложеното решение за оддалеченост од училиштата е неприфатливо бидејќи со закон веќе е дефинирано дека лица помлади од 18 години не може да учествуваат во игри на среќа.

И премиерот Зоран Заев се согласува дека ситуацијата со коцкањето во државата е алармантна, меѓутоа смета дека со радикални мерки нема да се реши проблемот, бидејќи како што рече „тој што се коцка, пак ќе се коцка“.

– Она што го гледаме како искуство и од Албанија и од другите држави покажува дека и со ваквите радикални мерки тие што се коцкаат не престанале да се коцкаат. Во обложувалниците и казината низ Македонија работат од 5.000 до 6.000 граѓани, но дебатата е сериозна и отворена од граѓаните бидејќи се работи за нивните деца, изјави премиерот Заев.

Измените на Законот за игри на среќа треба да го реши проблемот, односно да се стави регулација на еден брзорастечки сектор во насока на општествена одговорност и заштита на младата популација. Со измените во законот, меѓу другото се предвидува одземање на лиценцата за работа на приредувачот на игри на среќа доколку во некоја од обложувалниците инспекцијата затече малолетно лице.

Во Албанија со законот кој стапи на сила од 1 јануари 2019 година казината кои до неодамна беа распространети насекаде се достапни само во хотелите со 5 ѕвезди кои се наоѓаат надвор од урбаните подрачја. По одлуката Албанија да ги затвори обложувалниците во некои од регионалните медиуми проструија информациите дека тие сега ќе се преселат во Македонија и во Косово, каде овој бизнис е законски. Меѓутоа засега овие информации остануваат само шпекулации. 

cheap nike air max 90