Тој не знае поинаку

Каков глупав совет. Жените постојано нѐ штитат зборувајќи дека има мажи кои едноставно не умеат подобро или поинаку. Тоа се глупости. Ние мажите знаеме да зборуваме и да чувствуваме. Соберете 2+2.

Да, тоа може да биде незгодно.

Да, може да биде чудно. 

Да, можеби ќе почувствувате нешто необично.

Да, можеби нема да направите сѐ исправно.

Да, сите тие работи за возможни.

Можеби ќе направите сѐ како што треба. 

Можеби некому  ќе подарите нешто за коешто копнееле целиот свој живот.

Можеби ќе научите нешто ново за себе. 

Ако жените продолжат да ја штитат и бранат незрелоста на мажите, тогаш ние никогаш нема да можеме да пораснеме и да созреаме. 

Ние никогаш нема да научиме да се соочуваме со своите чувства и да станеме зрели, здрави и интегрирани...

А потоа истото тоа ќе го пренесеме и на иднините генерации. 

Време е тоа да почне да се менува. 

И потоа ќе се каеме за работите што не сме ги кажале. 

Секогаш се каеме за работите кои не сме ги направиле.

Ајде да престанеме со тоа.